(ФОТО) Колони возила чекаат пред бензиските пумпи во Штип

Во текот на денешниот ден почнаа да се шират неофицијални и се уште непотврдени информации дека цените на нафтените деривати од вторник ќе поскапат за дури 10 денари. Граѓаните панично започнаа да се упатуваат кон бензинските пумпи да стават горива по моменталната цена. Од Штип ни пристигнуваат фотографии од моменталната глетка пред бензинските пумпи каде што има колона од возила кои чекаат ред за ставање на гориво, објави Курир.мк.

извор: Курир.мк.