Евакуиран персоналот од амбасадата на Србија во Киев

0
422

Од српското министерство за надворешни работи соопштија дека Украина ја напуштиле тројца дипломати и еден службеник во амбасадата и тие безбедно се евакуирани.

Од безбедносни причини, српската амбасада во Украина е привремено затворена, а персоналот, до стекнување услови за враќане, своите обврски ќе ги изведува од Белград.