More

    Завршија преговорите, договорени се коридори за евакуација на цивилите

    Министерствата за одбрана на Русија и Украина го договорија форматот на коридорот за излез на цивили, изјави помошникот на рускиот претседател Владимир Медински по втората рунда преговори меѓу Москва и Киев. Украина и Русија се договорија заеднички да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

    Тој посочи дека Киев не ги добил резултатите на кои сметала украинската страна при преговорите со Русија.

    ▪️Украинската делегација не ги доби резултатите што ги очекуваше и ќе го продолжи дијалогот во третата рунда преговори.

    ▪️Планирано е што поскоро да се одржи третата рунда руско-украински преговори.

    ▪️Детално се дискутираше за хуманитарниот аспект. Многу градови се опколени, има проблеми со храна и лекови.

    ▪️Страните наскоро ќе создадат канали за комуникација и интеракција за организирање хуманитарни коридори.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img