More

    68 годишен маж почина во пожар во Штип

    Почина маж од Штип кој се задушил во собата во која живеел. Утринава пред 7.30 часот во Полициската станица Штип бил пријавен пожар од страна на пожарникарите, кои биле на лице место. Пожарот се случил на улица „19 Бригада“, каде 68-годишниот маж живеел под кирија, а сопственикот на куќата утринава забележал чад од неговата соба и ја повикал противпожарната служба. И покрај брзата интервенција кај 68-годишниот маж е констатирана смрт.

    Полициски службеници беа на местото на настанот, увид изврши Јавен обвинител, а смрт е констатирана од страна на Брзата помош Штип.

    Командирот на територијалната противпожарна единица Штип, Дарко Коцев истакна дека на терен излегле со две возила и седум пожарникари утринава во 7:20 часот.

    На местото е затекнато изгорено човечко тело при што веднаш се повикани екипите на брзата помош и полицијата. Лекарите констатирале дека нема траги на насилство врз починатото лице, а истражните органи треба да откријат како настанал пожарот.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img