More

    Австрија го суспендира Законот за задолжителна вакцинација

    Австриската Влада денеска објави дека нема да започне со спроведување на Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот за повеќето возрасни лица кон средината на март, како што е планирано, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Телевизијата ОРФ објави дека Владата на Австрија денеска објавила дека Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот е суспендиран и дека во моментов нема потреба од негово спроведување. Најавено е дека стручната комисија ќе ја преоцени состојбата кон средината на јуни.

    Задолжителната вакцинација за лицата постари од 18 години беше законски регулирана на почетокот на февруари, два и пол месеци откако беше објавена за време на бранот на делта-варијантата на коронавирусот.

    Планирано беше полицијата кон средината на март да почне со проверка на вакциналниот статус на населението, а за оние кои при контролата не би имале доказ за вакцинација или не би го доставиле подоцна, предвидени беа казни од 600 до 3.600 евра.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img