ВРЕМЕПЛОВ- 1822 избувнало Његушкото востание против османлиското владеење

1822 Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.

1878 По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија.

1918 Потпишан е Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна.

1944 Во близина на Ново Село, Кумановско, III Македонска НОУ бригада заробила околу 30 четници кои по разбивањето на четничкиот Вардарски корпус се криеле во овој регион.

1974 Во близината на Париз се урнал турски авион што летал на релацијата Анкара-Лондон при што загинале 345 лица.

1996 Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хозе Марија Азнар победи на парламентарните избори.

2002 Во Швајцарија се одржал референдум во кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите Нации.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија