Изграден во време на диктатурата на Енцер Хоџа, финансиран со кинески пари и проектиран да може во своите тунели и простории да го смести целиот естаблишмент на тогашната Влада на Албанија, овој воен подземен објект бил нај големата инвестиција во Албанија од крајот на Втората светска војна до падот на комунизмот.
Во овој објект била сместена една подморница од советско производство која во тоа време била оперативна, а денес е вон употреба.
Се наоѓа на југот на Албанија, на брегот на Јонско море, во близина на градот Химаре, покрај тврдината Порто Палермо.
Политички затвореници, противници на диктатурата, работеле на градењето на објектот а денес овој објект е туристичка атракција која последните години е се повеќе популарна за посетителите. Еден од влезовите во овој објект е слободен во него да влегуваат бродови и пловила со туристи.
Ако сакате да ја посетите оваа атракција, тоа може да го направите така што ќе изнајмите пловило на пристаништето во Химаре.
News1.mk
Foto: News1.rs
Video: One Media ( News1.rs ) Кликнете SUBSCRIBE на нашиот YouTube канал и следете ги нашите не монтирани видеа , кои се објавуваат во оригинал и уживајте во туристичките дестинации и сместувачки капацитети кои ги објавуваме со клик Т У К А.