(ВИДЕО) Големо невреме во Далмација, делови од Сплит под вода

Делови од Хрватска денеска беа зафатени од силно невреме проследено со поројни врнежи и грмотевици.

Пороен дожд ја „поплави“ Далмација, а локално наврнале над 30 литри дожд на м2.

Првиот силен дожд ова лето го зафати и Сплит. Големите врнежи за кратко време предизвикале порои во дел од градот.

Поројниот дожд на повеќе места го оштетил или го кренал асфалтот.

За возачите е издадено предупредување за внимателност.

Видео: Dalmacija Danas

фото:Mondo ba