Јанакиески призна вина за кинеските автобуси, Јанушев се изјасни за невин

Миле Јанакиески како ексминистер, Снежана Филиповска-Павлевска како претседателка на Комисијата за спроведување на јавна набавка и Јулијана Јанкуловска-Атанасова – член на комисијата признаа вина дека ги прекршиле правилата за јавни набавки при избор на компанија која ги набави 202 двокатни автобуси за ЈСП. Ова е епилогот од првото рочиште за овој предмет, каде обвинетите се произнесуваат за вина.

По признанието на вина, ексминистерот за транспорт Јанакиески и уште две службенички добија условна казна две години затвор.

Пред судот, за невин се изјасни само Игор Јанушев, актуелен пратеник кој исто така бил член на Комисијата која ја спроведувала набавката. За него, судската постапка ќе продолжи. Во случајот нема штета врз буџетот на Македонија.

 

makfax.mk