Сали: Се уште не сме подготвени за укинување на ковид-мерките

0
219

Првиот човекот на министрството за здравството денеска изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.

– Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците. Еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кој што се хоспитализираат. Според таа состојба, ние уште не сме спремни за намалување на мерките, рече министерот Сали.