Хрватската воена полиција ја пронајде црната кутија од леталото кое падна во Загреб.
Началникот на Одделот за воена полиција на Хрватска, Владо Ковачевиќ, потврди дека од остатоците на дронот, кој е делумно оштетен, е извлечена црна кутија.
Тој додаде дека дел од остатоците од летлото укажуваат на можноста авионот да носел експлозивна направа.
-Пристапивме на очигледните дејствија, но многу внимателно, како да опериравме око. Имавме многу делови кои не попречуваа во работата , електричен кабел во близина, големо дрво чии корени беа длабоко во земјата паралелно со авионот, а исто така се претпоставуваше дека може да биде експлозивна. Направата се уште е во трупот. Најважно е што извлековме и дојдовме до сефот, таканаречената црна кутија – изјави Ковачевиќ за дневникот на ХРТ.
Според него, воено воздухопловни експерти ќе ја читаат кутијата, ќе бидат вклучени и експерти од Градежниот факултет и научници, а не е исклучена и соработката со земјите партнери од НАТО кои имаат искуство.