Грабеж во кујна во велешка градинка: Крадците ги однеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол

0
591

Изминатиот викенд во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес, била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот.

Крадците ги одзеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинката која се наоѓа од левата страна на градот на десетина метри од Градскиот пазар.

Засега не се знае кои се сторителите на оваа кражба.