16 маркети добија казни затоа што не го продавале белиот леб, зејтинот и брашното тип 400 по набавна цена. 7 од нив се големи маркети во Скопје, за кои казната е 7 илјади евра за правното лице, а 350 евра за одговорното лице. Останатите казнети се помали трговци. Кај 17 маркети воопшто не можело да се провери дали ја почитуваат владината одлука, затоа што не ја чувале евиденцијата за набавките во објектот. Но, и тоа е казниво дело, па тие се казнети со по 60 до 800 евра, зависно од објект, а инспекцијата таму ќе продолжи, објави Телма.
Инспекции ќе следат и кај производителите, затоа што за нив нема ограничување на цените и токму на тоа се должи поскапувањето на одредени артикли деновиве.
Текстот во целост на: Телма.