Две години од воведувањето ковид – карантин во Дебар и Центар Жупа

Македонската влада пред две години поради појавата на коронавирусот воведе кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа каде што беа регистрирани првите случаи. Точно на 14 март 2020 година во двете општини беше воведен карантин во траење од 30 дена.

Дебарскиот епидемиолог Ментор Мела кој прв ги откри позитивните на коронавирус во двете општини, за РСЕ вели дека ефектите на карантинот за момент го стопираа ширењето на вирусот.

„Јас мислам дека ефектите од карантинот што го воведе Владата по предлог на Министерството за здравство даде огромни резултати. За 15 до 20 дена имавме огромен број на заразени од коронавирус. Од кога се воведе карантинот на 14 март 2020 година, за еден месец се намали бројот, а потоа шест недели немавме ниту еден болен. Потоа се олабавија мерките и повторно се појавија нови заразени од коронавирус“, вели доктор Мела.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа