Ефикасните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата, како дел од антикризниот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, веднаш ги намалија цените на нафтените деривати и горивата., се вели во соопштението од СДСМ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Благодарение на овие мерки, во најголемата светска економска и енергетска криза, цените на горивата кај нас се намалуваат, додека насекаде во државите од регионот растат.
Веднаш по примена на мерките, малопродажната цена на бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економска стабилност.