Мицевски: Ја напуштивме денешната седница бидејќи власта сака да постави свои членови во Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната пленарна седница поради тоа што Одлуката за изменување и дополнување на Одлука за избор на претседател, заменик претседател и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, она што го зборуваме веќе подолг временски период, повторно се стави на пленарна седница без да го помине филтерот, а тоа е самата Комисија, изјави денеска за медиумите, Никола Мицевски координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, членот 20 од Деловникот предвидува да изборот на членовите на Комисијата за изборите и именувањата на конститутивната седница, се врши на пленарна седница. Меѓутоа веќе сме активни и имаме одредени работи на таа Комисија, така да промената и измената на членовите треба да оди согласно членот 108 од Деловникот кој што владејачкото мнозинство и претседателот Џафери упорно го избегнуваат, каде што вели дека изборот на претседател и членови на работни тела оди по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а врз основа на листата што ја предлагаат пратеничките групи. Очигледно е прекршувањето на Деловникот, јас тоа и го спомнав на самата пленарна седница. Значи виновникот секогаш се враќа на местото на злосторот, затоа што несакајќи да ја поминат целата деловничка процедура преку Комисијата за избори и именувања, тоа пополнување на Комисијата планираат да го направат преку пленарна седница – појасни Мицевски.

Тој посочи дека негови забелешки и на самата седница беа дека согласно ваквото нивно делување и прекршување на Деловникот, очигледно ќе нема потреба од оваа важна Комисија, меѓутоа дека ништо не го спречува владејачкото мнозинство во намерата да постават членови во таа Комисија и потоа оние нивни меѓупартиски договори да ги спроведат односно да постават луѓе кои што партиски ќе одговараат на нив, а не на институциите и на граѓаните.