Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците

0
388

Зијадин Села попладнево на прес-конференција соопшти дека поднесол оставка на функцијата претседател на Алијанса за Албанците. Тој нагласи дека причината за оставката е поразот на партиската кандидатска листа за општинскиот Совет во Тетово нагласувајќи дека Алијанса за Албанците оствари многу лош резултат и дека нема да има учество во Советот.

Тој прес-конференцијата ја одржа во Тетово веднаш по завршувањето на состанокот на Претседателството на партијата.

На вчерашните избори, Алијанса за Албанците не освои ниту еден мандат во Советот на Општина Тетово.

фото: Архива