Продолжија протестите на жителите од Кичево против изградбата на социјални станови

0
356

Втор ден по ред продолжува отпорот на жителите од населбата „Иванидол“ во Кичево, против изградбата на социјални станови во оваа населба. Жителите децидни стојат зад одлуката дека нема да дозволат изградба на социјални станови во нивното соседство. Тоа е затоа што, како што велат жителите, ќе имаат проблеми со оваа социјално ранлива категорија. Пред извесно време потпишаа петиција дека се против реализацијата на овој проект, но како што тврдат наишле на глуво уво. Бараат средба со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, за да се најде решение за не – спроведувањето на проектот.

Градоначалникот на Кичево за ТВ21 вели дека тоа е за жалење, бидејќи според него, луѓето имаат предрасуди за социјално ранливите категории. Вели дека ова е расистичко и националистичко однесување.

„Да се наиде на таков отпор, да се негира дел од заедницата со која живееме заедно со децении, според мене за жал тоа има националистичка основа, има расна основа и за ова сум крајно загрижен, иако се обидов да појаснам дека општината продолжува да реализира проекти поврзани со подобрување на живот на нејзините граѓани и Ромите се дел од оваа место, дел од оваа држава“, рече Дехари.

Инаку, потсетуваме дека проектот се вика „Програма за социјални станови за ромите во Кичево“ и е финансиран од ЕУ во соработка со општина Кичево во вредност од 800 илјади евра. Катастарската парцела на овие социјални станови е над 2000 метри квадратни, а градба е околу 900 метри квадратни и опфатени се околу 30 социјални станови со простор од 40 м3.

 

извор/фото: ТВ21