Гарантиравме подобра грижа за сите охриѓани и тоа го реализираме
Советот на Општина Охрид, на денешната седница едногласно ја усвои иницијативата за отстапување на простор за изграбда на Дневен центар за деца со церебрална парализа. Просторот за оваа намена е предвиден во поранешната касарна.
Децата со церебрална парализа досега немаа Дневен центар, а родителите со години бараа простор за негова адаптација за згрижување и анимација на оваа категорија деца.
Нашата цел како Локална самоуправа е да правиме се што е во наша надлежност и моќ за да ги подобруваме условите за живот на Охриѓани.
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.