Србија и Русија започнуваат преговори за нов договор за гас

0
369

Генералниот директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ најави дека преговорите со Гаспром за нов долгорочен гасен аранжман за испорака на руски гас за Србија ќе започнат во следните неколку дена и треба да завршат најдоцна до 15 мај.

„Разменивме писма со раководството на Гаспром експорт и Гаспром и очекуваме првата размена на хартии, што конкретно значи како тие ја гледаат состојбата со новиот долгорочен договор и како Србијагас гледа на тоа, да биде деновиве“, изјави Бајатовиќ додавајќи дека договорот ќе биде склучен на 10 години, додека за цената рече дека сега не може точно да каже, бидејќи ќе биде резултат на комбинација од т.н. нафтна формула и пазарни цени.

„Таа ќе зависи од цената на нафтата на пазарот, така што и нашата цена ќе биде таква. Но, она што можам да предвидам е дека во првата фаза на враќање на цената на гасот во нормална вредност, таа би се позиционирала на околу 800 долари или 850 долари. А, во подоцнежна фаза, доколку ситуацијата во Украина се смири, цената може да се стабилизира на околу 600 до 650 долари за 1.000 кубни метри“, изјави Бајатовиќ.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа