Русија ќе лансира апликација за споделување фотографии по теркот на Инстаграм, откако руските власти ја забранија употребата на оваа апликација.
Новата апликација ќе се вика „Росграм“ (Rossgram) и ќе биде достапна од 28 март. Таа ќе има дополнителни функции како и платен пристап за некои содржини.
„Мојот партнер Кирил Филимонов и нашата група програмери веќе беа подготвени за овој пресврт на настаните и решија да не ја пропуштат можноста да создадат руски аналог на популарната социјална мрежа што ја сакаат нашите сонародници“, изјави Александар Зобов – директор за односи со јавност на иницијативата.
Рускиот државен регулатор за комуникации Роскомнадзор од минатиот понеделник го блокираше пристапот до Инстаграм, откако неговиот американски сопственик Мета Платформс минатата недела соопшти дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да објавуваат пораки со говор на омраза – како „Смрт за руските напаѓачи“.
извор/фото: Радио Слободна Европа