Д-р Петличковски: За да ги укинеме маските за цела популација, потребно е да бидеме во зелена зона

0
250

Кога почнавме во новиот состав кажавме дека ќе ги следиме научните сознанија низ светот. Клучен исчекор е воведениот алгоритам за проценка, според кој епидемилиошкиот ризик го гледаме според болниците. Клучна е промената на хоспитализирани пациенти во измината недела која ни дава за право за мирен период. Соодветно на тоа одлучивме за ова мало олеснување во рестриктивните мерки, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител.

-За тргнувањето на маските во основните училишта влијаеше и скринингот со брзите тестови. Има препорака од Европскиот центар за контрола на болести кој препорачува децата до 12 години да бидат без маски. Претпоставувам препораката ќе се шири и понатаму, додаде докторот.

Моментот ни дозволува мало олабавување, но тоа не значи дека епидемијата е на крај. Најавени се педијатриски вакцини од Фајзер, вели Петличковски.

„Препораката до сите, а особено и до родителите, за вакцинација е многу силна, тоа е наше најдобро оружје и најдобра превенција. Седум недели имаме по ред паѓање на сите параметри во однос на епидемијата. Не знаеме за следен бран, но добро е да имаме алгоритми и капацитети и избор во вакцини, појасни Петличковски и додаде дека доколку овој обид со основците помине добро, следни на ред ќе бидат средношколците, а понатаму и целата популација“, истакна Петличковски.

Тој потенцираше дека потребно е да бидеме во зелена зона за да ги тргнеме сите рестриктивни мерки.