Евакуирано француското Министерство за финансии поради закана со бомба

Француското Министерство за финансии и економија во Париз денеска е делумно евакуирано поради закана од тероризам, јавува телевизијата БФМ.

Според медиумот, за бомбата била издадена тревога, а од зградата на министерството биле евакуирани 20 лица.

На местото на настанот се испратени специјални екипи со кучиња трагачи.