До налепниците НМК не се стигнува лесно, станиците за технички преглед очекуваат гужва во понеделник

Дали метежот кој го гледавме пред пунктот Пролет, од понеделник ќе се преслика и пред станиците за технички преглед ?! Пред граѓаните е уште еден предизвик. Налепницата НМК која од понеделик ќе треба да ја има на сите регистарски таблици ќе биде бесплатна, но возачите нема да ја добијат брзо и лесно, објави Република.

Од станиците за технички прегледи за Канал 5 велат дека веќе ги добиле новите налепници но и правилникот како треба да оди целата процедура. Па така велат дека од понеделник очекуваат големи гужви, бидејќи за да ги добијат – граѓаните ќе треба со автомобилот и сообраќајната да дојдат во станиците за технички преглед и најпрво да пополнат барање на шалтерите на МВР. Потоа налепницата под видео надзор и од страна на вработените ќе им биде залепена на регистарската таблица.

„Со вашето возило ќе дојдете на шалтер на МВР ќе пополните барање, сообраќајна и потоа нашите контролори ќе мора да ги залепат налепниците. Како што стои во правилникот се тоа ќе се снима затоа ќе мора секое возило да дојде, под видео надзор да се сними како се местат налепниците.

е очекува да има гужви повеќе со оглед на тоа што ќе се пополнуваат и барања за налепнци.

Да да ќе има, тие што ќе доаѓаат за налепници, редовните странки за регистрација, многу ќе се менуваат и сообраќајни со „Северна.“ “ вели Маја Кануркова, координатор на станица за технички преглед

Налепниците требаше да чинат од 30 до 50 денари, но МВР одлучи да бидат бесплатни.

Сепак, во јавноста излегоа непотврдени информации дека за самата постапка граѓаните сепак ќе треба да платат некаков надоместок, но и од МВР и од станиците за технички прегледи уверуваат дека граѓаните нема да ги чини ништо.

извор: Република