Јовановски: За тие 350.000 евра знаеја тројца политичари а тоа се Зоран Заев, Александар Кирацовски и Стсфан Богоев

Ако господ ми даде здравје сакам да го изградам тој старски дом затоа што тоа недостасува на Битола- ги цитараше зборовите на Силјан Мицевски обвинетиот Бојан Јовановски на денешните завршни зборови за случајот Меѓународен сојуз. Според него, вакви проекти требало да се направат во Скопје и Охрид но по инцијатива на Мицевски се дошло до идеја да се гради и во Битоа и тоа на негова приватна локација која тој веќе ја имал наменета за градање на станови, објави Република . 

Мицевски доби право да изгради ваков центар во Битола и Охрид. Договорот го потпишаа самосвесно и со вредноста која беше за фалење а не за криење-објасни Јовановски.

Боки тврди дека Тодоровска и Агали Дика лажеле кога тврделе дека не ја знаеле содржината на договорот.

Договорот со ГП Пелистер Меѓународен сојуз тргна да го реализира веднаш во предвидените рокови-потсетува Боки.

Тој вели дека како можел некој да поверува дека може да ги измами Силјан Мицевски и Адријан Амзоски.

-Амзоски лично изјави дека дека го исклучувал телевизорот кога ќе ме видел и дека ми дал пари само поради Александар Кирацовски. За тие 350.000 евра знаеја тројца политичари а тоа се Зоран Заев, Александар Кирацовски и Стсфан Богоев-тврдеше Јовановски.

извор: Република