Казахстан ќе користи рубљи за царински такси со Русија и Белорусија

0
264

Казахстан одлучи да користи руски рубљи за плаќање на царински такси во билатералната трговија, откако западните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина го оневозможија користењето на други странски валути.

Кабинетот на казахстанскиот премиер денеска соопшти дека санкциите, кои вклучуваат блокирање на Русија од системот за финансиски трансакции SWIFT, се причина за овој потег, но трговијата со Ерменија и Киргистан, другите членки на Евроазиската економска унија, ќе продолжи да се спроведува во американски долари.

Рускиот министер за економски развој Максим Решетников претходно изјави дека земјите-членки на економската група се договориле постепено да се префрлаат на руски рубљи во меѓусебните трговски операции.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа