Лавров: Руско-кинеските односи ќе станат посилни

0
225

Односите на Русија со Кина ќе станат посилни како резултат на актуелната политичка ситуација, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Во време кога Западот јасно ги поткопува сите основи на кои се заснова меѓународниот систем, се разбира дека ние – како две големи сили – треба да размислуваме како да продолжиме во овој свет“, рече Лавров,пренесува руската новинска агенција Интерфакс.

Во телефонскиот разговор во петокот, американскиот претседател Џо Бајден го предупреди кинескиот лидер Си Џинпинг за „импликациите и последиците“ за Кина, доколку Пекинг ја поддржи Русија во војната, соопшти Белата куќа.

 

извор/фото: Радо Слободна Европа