(ФОТО) Турција: 30 повредени во верижен судир на 18 возила

0
360

Најмалку 30 лица се повредени во верижен судир на 18 возила во северниот турски град Болу, на околу 250 километри источно од Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).

Сообраќајната несреќа се случи во тунелот што минува под планината Болу, а во верижниот судир учествувале шлепер, камион, автобус и помали возила.

На местото на несреќата пристигнаа голем број екипи на полицијата, брзата помош, жандармеријата, пожарникари и други служби. Поради несреќата затворена е патната комуникација од Болу кон Истанбул.

Гувернерот на градот Болу, Ахмет Умит, рече дека сè уште нема информации за евентуално смртно настрадани лица во несреќата.

„Во несреќата учествуваа вкупно 18 возила, повредени се околу 30 лица. Досега не добивме вести за смртни случаи, се надевам дека нема да добиеме. Спасувачките служби се на терен“, рече Умит.

извор и фото: Агенција Анадолија (АА).