Заменик премиерот на Бугарија, Асен Василев, во интервју за националното „БНР“ радио информира дека Бугарија немало да го обнови договорот за снабдување со природен гас со руски Газпром поради војната во Украина. Она на што работи во моментот Бугарија е разгледување на алтернативни испораки како и иден заеднички договор со Европската Унија за да се избегне недостиг од овој енергенс.
“Bloomberg” пак пишува дека на Бугарија увозот на гас од Русија и е регулиран со десетгодишен договор со Газпром кој истекувал на крајот на годинава и поради тоа планирала да ги забрза проектите за диверзификација на своите извори и складишта на гас во земјата како и поврзување со грчкиот гасовод, нешто што било одлагано да се направи со години претходно, пишува “Bloomberg”.