Репрезентацијата на Македонија попладнево ќе се врати во Скопје. Летот од Палермо е планиран да тргне во 15:55 часот, а тоа значи дека на „Меѓународниот аеродром Скопје“ ќе се пристигне околу 17:30 часот.
Поради тежината на победата и историскиот успех, Фудбалската федерација на Македонија закажа дочек на репрезентативците на плоштадот во главниот град. Откако ќе пристигнат, фудбалерите ќе се упатат кон центарот на Скопје. Од ФФМ информираат дека се очекува пристигнување на плоштадот околу 18:30 часот.
извор: gol.mk