Двајца рудари загинаа во рудник за хром во Албанија, уапсен техничкиот директор

0
623

Двајца рудари на 43 и 41 годишна возраст вчера загинаа во рудник за хром во планинската област Лајтиза, Тропоја, северна Албанија.

Тие влегле да копаат руда во галеријата кога се урнале таванот и ѕидовите. Рударите кои биле надвор ја слушнале вревата и побрзале да ги изнесат колегите од галеријата, но 41-годишниот Адил Даути од село Гегај бил починат од повреди здобиени од камења кои се урнале врз него.

На местото на инцидентот пристигнала полицијата и заедно со неа екипите за спасување, но починат го нашле и Африм Жутај, 43-годишен од Кепенек, Тропоја.

По несреќата уапсен е А.Р. 45-годишен жител на Бајрам Цури, технички директор на субјектот кој вршел експлоатација на хромна руда, поради непреземање мерки за техничко обезбедување. Тој ќе одговара за кривично дело „повреда на правилата за заштита при работа“.