Караван за вакцинација против ковид-19 во повеќе општини низ државата

Министерството за здравство соопшти дека со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од денеска почнува со караван за вакцинација против ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, како што се посочува, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против ковид-19. Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа