Белата куќа соопшти дека Бајден не планира да ја посети Украина

0
240

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден не планира да ја посети Украина за време на неговата претстојна посета на Европа. „Ќе имаме дополнителни детали за патувањето на Бајден во Европа“, напиша портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на Твитер. „Патувањето ќе биде фокусирано на продолжување врз здружувањето на светот за поддршка на украинскиот народ и против инвазијата на претседателот Путин на Украина, но нема планови за патување во Украина“.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа