Застрелан началникот на криминалистичката полиција на Република Српска

0
600

Полицијата во Приедор, Босна и Херцеговина, соопшти дека имаат пријава дека дошло до пукање прти што убиено е едно лице.

Како што пренесува порталот Klix.ba, неофицијално дознаваат дека се работи за началникот на крим-полицијата во Приедор, Раденко Башиќ.

Од полицијата појаснуваат дека утрово во 6.53 часот било пукано врз едно лице од огнено оружје, а човекот загинал.

Под надзор на тужител од Окружното јавно обвинителство во Приедор се преземаат мерки за утврдување на околностите за пријавата.

Полицијата, во интерес на истрагата го има блокирано градот и се бараат сторителите.