(ВИДЕО) Детонации од вчерашниот пожар во Охрид

0
1182

Вчерашниот пожар на куќа во Охрид сеуште во очите на вниманието на јавноста. И покрај тоа што Екипите на Територијалната против пожарна едница во Охрид, веднаш излегоја на терен, како што велат биле попречени да ја извршуваат својата работа.

„Екипите веднаш излегоа на терен со 4 возила, при што е затекнато големо опожарување на објектот. Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа, која е прилепена до опожарениот објект. Пожарникарите гаснеа во отежнати околности, со голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот. Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна. За среќа нема повредени лица“, објавија на официјалната Фејсбук страна од ТППЕ.

Погледнете го видеото од пожарот, кое го испратија граѓани во редакцијата на Охрид 1 , на кое јасно се слушаат детонации…

 

 

Охридските пожарникари апелираат до СВР Охрид да ги санкционираат сите чинители кои вршат попречување во извршувањето на нивните должности на терен.