Во Белгија почнува изградбата на проектот кој ќе биде најголемиот батериски систем за складирање енергија во светот (BESS), со капацитет од 25MW / 100MWh. Системот за складирање енергија на база на литиум-јонски батерии на компанијата Nala Renewables ќе биде оперативен во Бален во белгискиот регион Фландрија до крајот на 2020 година, во рамките на топилницата за цинк на компанијата Nystar.
Nala Renewables е заеднички проект на трговецот со берзанска стока Trafigura и на компанијата IFM Investors, односно станува збор за заеднички проект на Јапонија и Белгија. Во проектот во Бален ќе бидат инвестирани 30 милиони евра. Исто така, и локалната фламанска влада ќе инвестира 1 милиони евра од фондот за стратешка поддршка на заштитата на локалната животна средина.
„Меѓународната енергетска криза и нападот на Русија врз Украина ни покажаа дека потребни се големи инвестиции во локалното производство на чиста енергија со цел да ја намалиме зависноста од странските земји. За жал, обновливата енергија не е на дофат на рака во секој момент, па нејзиното складирање не неопходно“ изјави Зухал Демир, фламанскиот министер за енергетика и зажтита на животната средина.
Повеќе на inovativnost.mk