Шакира од неодамна е во центарот на вниманието по раскинувањето со долгогодишниот партнер Жерар Пике, со кој има два сина.
Пејачката Шакира е под будното око на јавноста, особено откако се најде во центарот на скандалот по раскинувањето со фудбалерот поради неговата наводна прељуба.
Сончевите денови ги искористи за прошетка низ Барселона со синовите Милан и Саша, а нејзиниот стајлинг привлече големо внимание.
Многумина би се одлучиле за патики и комбинација на спортска облека за долги и напорни прошетки по угорницата, но не и Шакира.
Оваа дива избра комбинација во која можете да се појавите насекаде и секогаш да бидете забележани. Таа облече тексас шорц кој го искомбинира со сина кошула, а носеше чизми до глужд со подебела потпетица што привлече најголемо внимание како одличен избор за лето.
kurir.mk