Меси ја доби наградата на ФИФА за најдобар играч во светот

Лионел Меси по трет пат во кариерата ја освои наградата на ФИФА за најдобар играч за 2022 година. Аргентинскиот фудбалер ги победи Килијан Мбапе и Карим Бензема кои влегоа во потесниот избор за оваа награда. Меси во 2022 година за прв пат во кариерата го освои Светското првенство и со тоа стана најдобар фудбалер на сите времиња.

Во Катар, Аргентина ја победи Франција, а Меси постигна седум гола и трипати асистираше. Тој, исто така, го освои својот прв шампионат на Франција откако се пресели во ПСЖ. Вкупно во 2022 година на 51 настап за ПСЖ и Аргентина постигна 35 гола и собра 30 асистенции.

„Ова е неверојатно. Имав фантастична година и чест ми е да бидам овде вечерва и да ја добијам оваа награда. Немаше да бидам тука без моите соиграчи. Остварив сон што го имав долго време. Многу малку луѓе можат да го постигнат она што јас го постигнав“, рече Меси на доделувањето на наградата.

 

Меси ја освои наградата „Најдобар“ на ФИФА во 2009 и 2019 година. Покрај тоа, три пати ја доби наградата на УЕФА за најдобар играч во Европа, а има и седум Златни топки, повеќе од кој било фудбалер во историјата.

 

index.hr