ЏОН МЦЕНРО, еден од најголемите тенисери на сите времиња и стручен телевизиски аналитичар на Еуроспорт, ја коментираше врската меѓу српскиот шампион и Горан Иванишевиќ, неговиот тренер и хрватска легенда на светскиот тенис, откако Ѓоковиќ победи на Австралија опен.
„Прекрасно е, пред неколку децении нивните земји Хрватска и Србија беа во војна, а сега тие двајца се заедно и да се надеваме дека ситуацијата со Украина и Русија така ќе се расплетка. Прекрасно е да се видат Горан и Новак заедно, двајца од нив се одлично дуо“.
Со победата над Стефанос Циципас, Ѓоковиќ по рекорден десетти пат го освои Австралија опен и се изедначи по бројот на грен слем титули (22) со Рафаел Надал, единствениот рекордер досега.
index.hr