Причината поради која се најде повикан да реагира веројатно е потсвесна.
Но многу свесна беше улогата и партиципацијата на Артан Груби во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2008 до 2017. Може Артан Груби има амнезија, ама народот памети дека беше еден од најревносните пратеници кои ја бранеа коалицијата во тој период. Тоа барем може лесно да се провери и на тој начин да си го освежи паметењето самиот Груби.
Убаво ќе беше Груби наместо со провокации да се позанимаваше малку со економската состојба во Македонија, бидејќи на крајот од денот од граѓаните зема солидна плата да врши функција вицепремиер. Разбираме дека се наоѓа во лична борба за пол позиција во ДУИ, и поради тоа се врти кон национализмот и реторика против македонските политички субјекти. Но тоа му е трула даска и нема да му донесе успех. Народот мери по тоа што е сработено, а не според удирањето во гради, дерењето, национализмот. Граѓаните велат волкот влакното го менува, Артан коалициите, ама карактерот не. Тој повеќе од деценија е во политиката, а нема ништо за народот направено.