Се изведуваат докази од Обвинителството за случајот „Софтвери”, Рашковски вели дека се приказна и го бара УСБ -то од МВР

0
272

Првообвинетиот во случајот „Софтвери“ Драги Рашковски тврди дека доказите на Обвинителството за организиран криминал се набавени на незаконски начин, и побара обвинителката Ивана Трајчева да достави УСБ од вештачењето на телефоните во МВР, односно од вибер комуникацијата на обвинетите која таа ја презентираше во судницата, објави novatv.mk. 

-Не би било фер ако не го кажам тоа што го мислам, но ако е изведување материјални докази, тогаш ве молам ставете УСБ во комјутерот, рече Рашковски пред судечкиот совет и побара за да се утврди автентичноста на документот да се види кој го креирал и кога бил креиран.

Обвинителката, пак, објасни дека доказите што се презентираат, односно пораките се содржани во извештајот на Истражниот центар во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а дека УСБ е доставено до Судот, и дека со оглед на тоа што имало и приватни разговори биле избрани само тие што се потребни во доказната постапка.

Текстот во целост на: novatv.mk.