Бајден во Полска со голем говор ќе ја заврши европската турнеја

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе го заврши своето европско патување со голем говор во полскиот главен град Варшава, каде ќе се сретне и со претседателот Анджеј Дуда. Бајден во своето обраќање ќе посочи дека „слободниот свет“ се противи на руската неиспровоцирана инвазија на Украина и дека постои единство меѓу големите економии за потребата да се запре Владимир Путин, соопшти Белата куќа.

Бајден одржа тридневни вонредни состаноци со сојузниците од Г7, Европскиот совет и НАТО, а ги посети и американските војници во Полска.

 

Радио Слободна Европа