Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска имаше една од најпосетените прес-конференции на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Тој говореше за двојните стандарди на Западот, за војната во Украина, за однесувањето на Бугарија кон Македонија, како и за Албанците во земјава.
-Македонија порано се викаше ФИРОМ што беше многу понижувачки. Сега е Cеверна. Знаеме за што се работи. Од друга страна пред неколку години ваш претседател на Собрание имаше албанско знаме во кабинетот. Не му го памтам името, рече Лавров.
Лавров пред новинарите потенцираше дека се обиделе со фотографии од вечерата да го претстават како изолиран во Скопје.
„Но јас имав прекрасна вечера со македонски вина и јадења и бев присутен на утринското официјално отворање на собирот на ОБСЕ. А немаше лица од Украина и Балтичките државни, Ниту пак беа Блинкен и Камерун. Тие се само кукавици кои направија обид да ме изолираат“, рече Лавров.
Тој потоа нагласи дека ОБСЕ е во колапс и дека безбедноста на континентот е нарушена.
„Ние имаме цврсти докази дека западните држави не извлекле поуки, туку ги користат полугите на ОБСЕ за да ја обвинат Русија и да воведат санкции кон нас. Ние бевме единствениот глас на разумот дека ОБСЕ е формирана заради соработка за безбедност. Се е уништено во политичката сфера, се одбива да се усвои конвенција за оружјето, како и бројни договори за постигнување на безбедност и стабилност и намалување на оружјето на европската сцена“, рече Лавров.
Лавров од Скопје порача дека ОБСЕ нема ништо за славење во ситуација кога на многу места се нарушени човековите права кои се важни само кога тоа му одговара на Западот.
-Годишнината на ОБСЕ не треба да се слави поради деградацијата на полето на безбедноста, економијата и човечките права, а говорот на колегите министри на Самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата, наглси Лавров.