Од први февруари нема да има рецепти, упати и исплаќања за породилно и боледувања од Фондот за здравство ако Управиот одбор одлучи да им се намали платата на вработените за 21%. Ако се изгласа оваа одлука од четврток работата на ФЗОМ ќе застане, а вработените ќе стапат во генерален штрајк, објави АЛФА.МК.
Синдикалната организација на ФЗОМ ги повикаа членовите на УО и директорите на институцијата да не ги доведат граѓаните во ситуација во која нема да можат да остварат ниту едно право од здравствено осигурување. Тоа би значело ако започне штрајкот ниту еден вработен нема да извршува работни задачи по никоја цена.
„831 лице се засегнати од оваа одлука. Ако се намали платата, 25 % од нив паѓаат под минимална плата, а 25 посто на ниво на минимална плата. Доколку стапиме во штрајк се ќе застане. Само едно лице ќе работи, кое ќе прима документи и никој друг нема да работи значи нема исплаќање на ништо, ќе застане се. Тоа значи нема рецепти за лекови, упати за прегледи.“ вели Бранко Аџигогов, претседател на Синдикатот на Фондот.
Сидикатот упати низа критики до власта, велат дека е неразбирлива препораката за намалување на платите за 21 проценти според нив главен виновик за предлогот бил министерот за финансии.
Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари, од кој износ за плати се издвојуваат 1,19 проценти.