Воени магацини мета на руските трупи во северозападна Украина

0
305

Руски проектили уништија складиште со оружје и воена опрема во северозападна Украина, објави денеска руското Министерство за одбрана. Четири ракетни проектили биле истрелани од поморски брод на Црното Море што го погоди складиштето во близина на индустрискиот град, кој се наоѓа на околу 120 километри западно од Киев, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Овие информации засега не може да бидат независно потврдени. Според видеото кое беше објавено се гледа само испукувањето на проектилите.

 

Радио Слободна Европа