Хотел претворен во музеј во Турција ги носи посетителите на патување низ времето

0
571

Во Памуккале, во турската област Денизли, една од најпопуларните туристички дестинации во Република Турција, хотел е претворен во музеј што ги воодушевува посетителите со изложените експонати, пишува Агенција Анадолија (АА).

За преуредувањето е одговорен туристичкиот експерт Ахмет Уркај (84). Роден во местото Никфер, во округот Тавас во турската област Денизли, со туризам почнал да се занимава во местото Мармарис, во областа Мугла. Претходно се занимавал со трговија и ткаење килими.

Хобито на Уркај е собирање антиквитети. Во текот на својот живот купил многу предмети, вклучувајќи и артефакти.

Уркај, кој со основањето фондација го отвори својот прв музеј во Мармарис 2005 година, беше загрижен дека големата влажност на воздухот ќе им нанесе штета на експонатите. Поради тоа музејот го пренесе во местото Карахајит во Памуккале.

Музејот е сместен во трикатна зграда на некогашен хотел. Во рамките на музејот е отворен изложбен простор, осум сали и четири магацини. Изложени се околу 4.000 експонати.

Меѓу експонатите има такви што се стари околу 113 милиони години, вклучувајќи и стаклени и бронзени артефакти од хеленистичкиот, римскиот и византискиот период. Меѓу нив е и богатството од османлискиот период што останало по втората опсада на Виена.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).