Русија забрани пристап до веб страници на РСЕ

Рускиот медиумски регулатор ги стави веб-страниците на руски јазик на три од централноазиските радиодифузни сервиси на РСЕ на својата рапидно растечка листа на забранети страници. Ова се случува во време кога се шират ограничувањата за руските медиуми и информациите кои тие смеат да ги споделуваат додека трае едномесечната војна во Украина. Медиумските ограничувањата на Кремљ се насочени кон домашните но и кон меѓународните медиумски организации кои известуваат за руската инвазија.

На списокот на забранети интернет страници на регуларторот Розкомнадзор се најда казахстанскиот сервис на РСЕ – Радио Азатик, потоа таџикистанскиот сервис на РСЕ – Радио Озоди и туркменистанскиот сервис Радио Азатлик.

 

Радио Слободна Европа