Денес Регулаторна со нови цени за бензините

0
237

Цената на суровата нафта на светските берзи e дојдена до границата од 120 долари за барел. Утре Регулаторната комисија за енергетика ќе го одржи редовниот состанок и ќе донесе одлука за новите малопродажни цени на нафтените деривати според најновите берзански цени .Македонската опозиција веќе подолго време бара Владата да се откаже од половина од акцизата на нафтените деривати со што, според нив, цената на бензинот веднаш би се намалила за 13, а на дизелот за 9,5 денари. Ваквиот предлог власта засега го игнорира.