More

    Патниот правец Дебар-Маврово затворен за сообраќај на камиони

    Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    АМСМ

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img