Почина 19-годишно момче од струен удар – излегол од базен и сакал да пушти музика

0
232

Вчера во 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на домашна забава во Радишани, скопско, од струен удар починал Љ.Љ.(19) од Скопје.

Според пријавеното 19-годишникот излегол од базен и преку миксетата сакал да пушти музика по што паднал од краток спој.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир се вели во соопштението на МВР.